Работи кои не би требало да ги делите ни со најблиските!

Најверојатно сте биле во ситуација да ви епотребен чешеч, сапун или шминка, па сте побарале од некој да ви позајми, али на другата личност такво нешто и е незамисливо и тоа со причина. Не е проблемот во другата личност туку во хигиената и грижата за своето здравје. Експертите  и дерматолозите тврдат дека со причина некои лични предмети не треба да се делат со други личности па и тоа да се вашите најблиски, поради бактериите кои се пренесуваат. Погледнете за што станува збор…Сапун
Иако многумина мислат дека сапунот е задолжен за одстранување на бактериите и нечистотијата, всушност експертите препорачуваат никако да не го делите со некој друг, бидејќи после неговото користење сапунот не се суши целосно и може да содржи бактерии.
Капи, кациги, четка за коса и чешел
Експертите препорачуваат да се перат кацигите што почесто, четките за коса и чешлите никако не смејат да се делат со друг. Можете да се заразите и доколку спиете на јастук каде предходно спиела некоја заразена личност. Внимавајте!
Антиперспиранти
Антиперспирантите се користат како би ја намалиле непријатната мирис која е предизвикана од потење. Доколку делите ролон антиперспирант со некој, бактериите ќе ви се пренесат и вам со сигурност од таа личност. Со дезодорансите и спрејот нема таква опасност, али со другите има.
Грицкалици за нокти
Ова не би требало да го делите со никој, ниту пак во салоните за убавина. Доколку некој претходно со оваа грицкализа за нокти отстранувал кожа од калус, ова ќе се пренесе и на вас. Затоа внимавајте и на ваквите предмети и дезинфецирајте ги почесто, иако повеќето ја немаат таа навика.
Шминка
Ова дефинитивно е најкористеното. Маскарата, ружевите и останатата шминка чувајте ги само за себе. Преку шминката може да се пренесат некои инфекции како што е херпес. Иако таа во себе содржи одредени конзерванси кои би требало да ја прават сигурна, подобро е да не ја делите со никој.
Жилети
За ова претпоставуваме дека не треба многу да се објаснува. Доволно е да се напомене дека на него има остатоци од крв. Освен тоа со негово користење доаѓа до иритација на самата кожа, каде што се подложни повеќето бактерии.

Пијалоци
Делењето чаши не е добра идеја, бидејќи остануваат остатоци од плунка. Бактерии кои предизвикуваат воспаление на грло, прелада, херпес, заушки, менингитис…можат да се пренесат со делење на било каква чаша.
Четки за заби
При миење на забите доаѓа до крварење на усните, жлабината, освен тоа во устата има многу бактерии, затоа никако делење на истата.
Обетки
Кога ќе ставите обетка на уво, се оштетува кожата и тоа станува место подложно на бактерии и вируси кои предходниот корисник ги имал. Иако ретко се случува со ставањето на обетка да се направи рана, но ризик секогаш постои.
Слушалки
Истражувањата покажале, честата употреба на слушалките во ушите предизвикува зголемување на бројот на бактерии. Доколку ги делите со некој може да дојде до воспаление на ушите. Исто така, многу е битно редовното чистење на истите.
 Сапун
Иако многумина мислат дека сапунот е задолжен за одстранување на бактериите

Пронајдете не на следниве мрежи: