Факти за Роби Вилијамс што не сте ги знаеле

Роден е на 13 фебруари 1974 година, а се занимава со музика повеќе од половина од својот доесегашен век. Членуваше во групата „Take That“, па продолжи како соло изведувач.
Има продадено милиони синглови и албуми и е дефинитивно едно од најголемите музички чуда излезено од Велика Британија. Еве интересни факти за неговиот живот што не сте ги знаеле до сега:
 
– Неговото средно име е Питер, а крстеното Максимилијан.
– По завршувањето на школувањето некое враме работел како трговски патник.
– Им се придружил на Take That на само 16 години.
– Се уште нема положено за кола, ниту пак знае како да вози.
– Неговиот дебитантски сингл – преработката на хитот на Џорџ Мајкл – Freedom не се најде на врвот на британската музичка листа. Тоа место во тоа време беше резервирано за Spice Girls.
– Во 2002 година стана сопственик на еден од најскапите музички договори во светот. Потписа со EMI за неверојатни 80.000.000 фунти.
– Роби го држи рекордот за најмногу освоени Brit Awards – дури 17.
– Пред да се ожени и смири со својата жена Ајда Филд, Роби важеше за голем заводник и љубовник. Во неговиот кревет поминаа убавици како Ана Фрил, Никол Аплтон, Камерон Дијаз…
– Својата сопруга ја запознал на состанок на слепо, во 2007 година, организиран од заеднички пријатели.
– Опседнат е со вонземјани и НЛО. Тврди дека до сега видел дури 3 НЛО-а, а се појавува и во радио документарец за вонземјани.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Роден е на 13 фебруари 1974 година, а се занимава со музика повеќе од половина од својот доесегашен век. Членуваше во

Пронајдете не на следниве мрежи: