Сите оние кои за себе сметаат дека се експерти кога се работи за секс, добро е да ве потсетиме дека тоа не е баш така. Кои се правилата во сексот на кои можеби сте заборавиле или всушност никогаш не сте ни знаеле?
Пакетчето со кондом го отворате со забите
Доколку користите нешто остро, вклучувајќи ги и вашите заби, да го отворите пакетчето, лесно можете да направите дупка во него. Едно истражување докажало дека веројатноста е и до три пати поголема кондомот да пукне доколку е отворен на тој начин.
Користите лубрикант а не ја читате декларацијата
Сигурно не сте знаеле дека лубрикантите главно се на база на масло, баш како и разните лосиони, а тие можат да ги уништат кондомите така што можат да доведат до полесно пукање. Лубрикантите на база на вода или силикон се идеални за користење заедно со кондоми.
Ги бакнувате само усните
Неодамнешна анкета која е спроведена помеѓу мажите и жените, покажала дека жените имаат ни помалку ни повеќе 10 ерогени зони кои чекаат да бидат бакнати. Ги игнорирате на сопствена одговорност.
Не ставате лубрикант во кондомот
Секогаш ставајте капка лубрикант на база на вода или силикон, внатре во кондомот. Така се спречува пукањето, а на мажите им е многу попријатно, објаснила Меган Анделукс, сексолог. Внимавајте да не ставите повеќе од една капка, бидејќи доколку ставите повеќе, кондомот може да се лизне, а тоа никако не е добра опција.
Агресивен напад на клиторисот
Клиторисот има околу 8000 нервни завршетоци и тоа на подрачјето кое е големо колку зрно грашок. Тоа значи дека благиот допир е доволен тој да се „разбуди“. Ниту во еден момент раката која го допира клиторисот не би требало да личи на обид за одзатнување водовод.
Казнување на пенисот
Иако постои стереотип дека пенисот е дучалка, тоа е многу чувствителен орган. „Рачната работа“, мора да биде изведена исклучиво внимателно. Силните гризнувања, повлекувања и слични работи треба да се избегнуваат, освен доколку не се директно побарани.
Не го практикувате доволно
Сексот ги подобрува проблемите со несоницата, го намалува крвниот притисок, го отстранува стресот, ги согорува калориите, ги чисти синусите, ја намалува депресијата и го продолжува животот.Кои се правилата во сексот на кои можеби сте заборавиле или всушност никогаш не сте ни знаеле?
Пакетчето со кондом го отворат