Не мора да биде нешто спектакуларно, скапо или луксузно, едноставно доволно е индиректно да го добие признанието дека е добра и ценета девојка или жена. Таа го заслужува тоа…1. Однесете и нешто кога одите кај неа
Не мора цвеќе. Нека биде нешто што знаете дека и треба и дека го сака. Така ќе покажете дека обрнувате внимание на она што ви го зборува, дека ја познавате и ги знаете нејзините навики и потреби. Пакување мусли, кафе, шолја за утринското кафе или омиленото чоколадо се само дел од идеите.
2. Не преминувајте преку нејзиното „ништо не ми е“
Секогаш е нешто, можеби стрес, можеби ПМС. Ако веќе забележавте дека е нешто сериозно, не и верувајте на изговорите, туку натерајте ја да зборува за тоа. Верувајте дека имате врска со проблемот, дури и кога мислите дека немате никаква допирна точка. Можеби не ви е логично, но така е. Само малку вклучете го мозокот и потрудете се да изнудите разговор.
3. Бидете на располагање
Не дозволувајте да преноќи сама кога е болна или да ја одбегнувате кога е во неподнослив ПМС. Не е толку тешко колку што ви се чини.
4. Дајте и внимание кога сте во друштво
Нејзино или ваше, сеедно, таму сте како пар и вашето внимание ќе и ласка. Не се плашете да покажете нежност, интима и припадност пред другите, нема да бидете помалку мажествени, само таа ќе биде позадоволна и посреќна.
5. Бидете најдобар љубовник што можете
Овозможете и го уживањето кое го заслужува, поместете ги границите на обичното и дозволете и истражете си ги капацитетите. Бидете див и нежен, страствен и контролиран воедно. Само така ќе бидете најдобриот што го имала во животот.1. Однесете и нешто кога одите кај неа
Не мора цвеќе. Нека биде нешто што знаете дека и треба и дека го сака. Така ќе пока