Волт Дизни имал големи планови за своето одмаралиште со омилени ликови, а едно од нив било и сонот да создаде екпериментален прототип за иднината,пишува Budget Travel. Toj не само што ќе беше забавен парк, туку ќе содржел и hi-tech опрема. За жал, Волт починал само неколку години пред да се отвори неговиот детски град во 1971 година во Орегон.
Комплексот е со големина колку Сан Франциско
Дизниленд во Орегон е голем 103,6 квадратни километри. Толку голема површина заземаат цели градови, а речиси толку изнесува и копнената површина на Сан Франциско.
Илјадници луѓе се вработени во Дизниленд
Не е едноставно да се одржува овој забавен град, поради што Дизниленд вработува околу 62 илјади лица и тоа го прави да биде една најсилните приватни компании во САД.
Вистинско место за губење очила
Секој ден вработените во Дизниленд пронаоѓаат околу 200 пара очила за сонце, кои ги носат во канцеларијата за загубени работи.
Мисиркини батаци -хит во Дизниленд
Огромените мисиркини батаци прв пат и се претставени на јавноста во Дизниленд во 1990 година, а оттогаш станаа толку популарни поради што се воведени и во другите Дизни паркови во светот. Секоја година во Волт Дизни ресортот се јадат околу 1,6 милиони мисиркини батаци, а таму можат да се купат и сите видови на сувенири со мисиркини нозе како мотив.
Светот на Дизни може сам да се одржува
Во Дизниленд , поточно на земјиштето Епкот, секоја година се одгледуваат околу 30 тони овошје и зеленчук. Таа храна се користи во кулинарската понуда на Дизни.
Даб, кој е заслужен за настанување на уште 500 дабови
Дабот на слободата на самиот Плоштад на слободата во т.н. Волшебно кралство е стар повеќе од сто години, а преку своите плодови – желадите, стана татко на повеќе од 500 дабови во неговата околина.
Апартманот „Сон на принцезата“
Во дворецот на Пепелашка во Дизниленд се наоѓа апартман наменет за принцезите, а во него можат да спијат шест лица. Големиот ЛЦД екран е претворен во волшебно огледало, а целиот апармант е преполн со интересни изненадувања во форма на најмодерни гаџети. За жал апартманот не може да се резервира, туку добитниците на ноќавањето во него се избираат случајо, како освојувачи на сонот на принцезата.
Вистинска инфлација
На почетокот на работата на Дизниленд влезницата за возрасни чинеше околу четири долари, а денес благодарение на инфлацијата таа цена се зголеми на дури 100 долари.
Капетанот Кум
Капетанот Ео, 3Д научно-фантастичниот филм, во кој глумеше Мајкл Џексон, пред прикажувањето во кино салите најнапред се претстави во Дизниленд. Филмот го режираше Френсис Форд Копола, а го продуцираше Џорџ Лукас. По смртта на Џексон во 2010 година филмот повторно се прикажува во парковите на Дизни во светот.
Дизниленд е пријател на екологијата
Околу 25 километри од Дизниленд е сместен на резерват кој покрива 12 илјади хектари мочуришно земјиште, кое компанијата го купи во 1990 година. Дизни обезбедува средства со кои се поттикнува зачувувањето на дивиот свет во резерватот како надомест за тоа што Дизниленд и го одзел на природата со градењето на својот град.
извор:24sata.hrВолт Дизни имал големи планови за своето одмаралиште со омилени ликови, а едно од нив било и сонот да создаде екпериме