Изборите ќе се одржат на 5 јуни, како што е предвидено со распуштањето на Собранието и вметнато во Уставот и законите.Ова го истакна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски по денешната средба со лидерите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија.
Средбата ја оцени како отворена и продуктивна, на која се разговарало за заедничкиот настап на изборите кои претстојат и најави дека програмата се финализира и ќе биде готова и промовирана за неколку дена.
Поповски потенцира дека партиите ги охрабруваат сите политички чинители да земат учество во изборите на 5 јуни, каде граѓаните ќе одлучат.
Тој уште еднаш потврди дека нема да се дискутира за датумот на изборите, бидејќи истиот е потврден.
И коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ испратија порака дека се подготвени за изборите на 5 јуни и ја повикуваат опозицијата да пристапи сериозно кој овој процес.
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, истакна дека оваа агонија предолго трае и штета трпи стопанството и граѓаните и потенцира дека политичките партии кои сакаат да избегаат од избори всушност бегаат од соочување со волјата на граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија исто така работи на подготовка за изборите и апелира сите политички партии сериозно да пристапат кон изборниот процес и дека на 5 јуни на тој начин ќе се одржат фер, демократски и кристални избори.
Владанка Авировиќ апелираше до опозицијата да ги преиспита своите одлуки и да го разбере значењето на овие избори.
Од партијата ПОДЕМ апелираат дека граѓаните со изборите на 5 јуни очекуваат да се стави крај на заложничката состојба во која беше втурната Македонија.
Ова го истакна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски по денешната средба со лидерите на партиите од Коалицијата за подобра Маке