Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и раководни лица од институцијата, денес во просториите на Комората одржаа работна средба со претставници на Нотарската комора на Република Македонија, заради анализирање на можностите за понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции.Поповски и нотарите ја поздравија досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите и барањата на нотарите како професионална заедница. Особено беше истакната соработката при воспоставувањето на системите за електронско поднесување во Заложниот регистар и во Регистарот за лизинг, преку кои што веќе се извршени над 300 трансакции за издавање информации и вршење уписи од страна на нотарите, кои се подносители во регистрите. Двете страни изразија задоволство и од функционирањето на системите, при што Поповски истакана дека со при електронското поднесување се задржани сите функционалности во во регистрите, а истовремено е овозможено поднесување од кое било место по електронски пат, без потреба од физичко присуство во некоја од регионалните регистрациони канцеларии на Централниот регистар.
Двете страни се заложија за продолжување на тесната соработка, во насока на подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на правната сигурност во Република Македонија.
Поповски и нотарите ја поздравија досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите и барањата на н