Раде Марковиќ дал налог да се убијат српските деца во Пеќ во 1998 година?!

Поранешниот началник на ДБ понудил докази дека за смртта на шестмината млади во кафетеријата „Панда“ е одговорен Легија, додка бившиот командант на ЈСО тврди дека сè направил по налог на ДБ, со Марковиќ на чело.БЕЛГРАД – На пат на решавање на страшен злочин. На надлежните органи им се понудени докази дека за смртта на шесторицата млади во кафетеријата „Панда“ во Пеќ 1998 год. одговорни се поединци од тогашната служба за Државна безбедност, дознава Курир.
Извор близок  на Владата на Србија тврди дека Радомир Марковиќ, поранешен началник на ДБ, понудил конкретни докази дека нападот во кафетеријата  „Панда“ на  14 декември 1998 год. е извршен во организација на Милорад Улемек Легија! Марковиќ, наводно има докази дека групата која ја извршила таа акција, за која со години се верувало дека е дело на албански екстремисти, ја организирал поранешниот командант на ЈСО. Целта на овој злочин, била во очите на меѓународната  јавност  ОВК да се покаже како терористичка организација и да се оправда акцијата на српските сили на територијата на Косово.
Лажни напади на МИ6
-„Меѓутоа, од друга страна, Улемек е спремен да сведочи за директна одговорност на Радомир Марковиќ за тој злочин. Тој  открил дека налог за организирање на луѓе од безбедносните структури стигнало од самиот врв на на службата за ДБ, на чело со Раде Марковиќ. Иако се обвинуваат меѓусебно, сè уште  не се знае кави докази поседуваат и двајцата, меѓутоа јасно е дека за овој злочин е одговорн државата на Србија.“
-„Со години овој злочин се препишуваше на албанските екстремисти, и не само тоа – овој злочин се сметал како повод за почнување на вооружена акција на Косово до страна на српските сили. Ако овие докази се покажат како вистинити, ова ќе биде голем шамар  – како да се објасни на родителите дека нивните синови се жртвувани за да се оправда акцијата на ДБ.

Вицепремиерот Александар Вучиќ неодамна изјави дека поради тоа што се случило во кафетеријата „Панда“ сите може да ги боли глава и  дека сè уште треба да се види дали можат да се најдат докази кои укажуваат на тој злочин.
-„Морам да демантирам дека за убиството во кафетеријата „Панда“ во Пеќ се одговорни МИ6 и САС. Тоа нанесува штета на нашата држава, ние со нив имаме одлични односи а тие со тоа немаат никаква поврзаност. Тука има чудни работи и многу е тешко денес да се зборува за тоа“ – изјавил Вучиќ.

 
Убијци облечени во црно
Да се потсетиме, сè уште непознати извршители, на 14 декември 1998 год. во кафетеријата „Панда“ во Пеќ убиле шест млади деца – Иван Обрадовиќ (15), Вук Гвозденовиќ (18),  Светислав Ристиќ (17) Зоран Станоевиќ (17), Драган Трифуновиќ (17) и Иван Радевиќ (25). Никола Рајовиќ, нивни другар кој во моментот на убиството се затекнал во кафичот изјавил:
-„Слушнав страшно трескање на врата, а потоа и пукање. Моите другари паѓаа еден по друг. На вратата стоеја двајца терористи облечени во црно, со капи на глава и немилосрдно пукаа по нив. Првиот куршум го погоди Иван, кој падна на мене“ – изјавил во една прилика Рајовиќ.
 

Државните органи тогаш преку медиумите ги обвиниле албанските екстремисти за злочинот, а истрага за убиството никогаш не била спроведена.
Мајката на едно  од убиените деца бара одговор.
СЛАВИЦА ОБРАДОВИЌ: КОЈ ГО НАРЕДИЛ УБИСТВОТО?
Славица Обрадовиќ – мајка на Иван Обрадовиќ, најмлад помеѓу убиените, прашува како тие како родители да го заборават тој ден.
-„Има ли нашата држава право на тоа? Нам ни остана само да бараме нашите деца кои не знаеја што е омраза  да не се заборават “ – изјавила Обрадовиќ, која сите овие години бара одговор на прашањето „Кој го наредил убиството?“.
Ништо не знае
СОПРУГАТА: ПРАШАЈТЕ ГО РАДЕ
Иванчица Марковиќ, сопруга Раде Марковиќ, изјавила дека прв пат слушнала за такво нешто:
-„Прашајте го мојот сопруг. Прв пат слушам за такво нешто.“
Адвокатот на Раде Марковиќ, Владимир Маринков изјавил дека неговиот клиент никогаш не нудел никакви податоци со кои се обидел да тргува.
-„Раде нема никаква архива. Сè тоа е шпекулација. Кога го напушти местото шеф на ДБ, тој се раздолжи и врати сè, а за тоа постои и записник. Тие приказни дека има своја архива за да се осигура не се точни, затоа што во спротивно не би бил таму каде што е сега“ – изјавил Маринков.

 
 БЕЛГРАД – На пат на решавање на страшен злочин. На надлежните органи им се понудени докази дека за смртта на шесторицата мла

Пронајдете не на следниве мрежи: