Радикален активист од Босна учествувал во подготовката на извештајот на „Фридом хаус“ за Македонија

Младиот Јасмин Мујановиќ, студент во Kанада по потекло од Босна и радикален активист за време на босанските протести во 2014 година, учествувал во подготвувањето на извештајот на „Фридом хаус“ за Македонија, пишува Дневник.Мујановиќ ова самиот го објави вчера на својот твитер-профил за што веднаш доби честитки од активистите на СДСМ за добро завршената работа.
– Задоволен сум што придонесов за извештајот на „Фридом хаус“ за БиХ и Македонија – напиша Мујановиќ.
Инаку, извештајот на „Фридом хаус“ наведе дека Македонија продолжила да назадува во почитувањето на човековите права и слободи и во него притоа дури беше оценето дека Македонија веќе не треба да се нарекува изборна демократија.
Kатапулти на улиците
Мујановиќ на почетокот на февруари 2014 година во екот на тогашните протести во Босна, во кои стотици луѓе беа повредени, а насилните демонстранти запалија и неколку владини згради, вклучително и Државната архива во Сараево. Мујановиќ беше активен поттикнувач и поддржувач на овие протести, а ние пишувавме за неговиот настап во Вашингтон, заедно со тогашната директорка на агенцијата УСАИД за Европа, Пејџ Александер, при што Мујановиќ се закани со репризирање на украинскиот Мајдан во Босна.
– Некои рекоа дека насилните протести што ги видовме во Босна се колективен нервен слом. Овој опис сугерира дека однесувањето кое го видовме тие денови е ирационално. Јас не се согласувам – тие што не дозволуваат да дојде до промена по мирен пат прават насилната револуција да биде неизбежна. Луѓето од Босна рекоа – ние не сакаме насилство, не сакаме Kиев, не сакаме да правиме катапулти на улиците. За жал, ако не добиеме доволна поддршка за да го придвижиме овој процес, ќе добиеме катапулти на улиците. Ако луѓето разберат дека единствениот начин да постигнеме промена е излегување на улиците и, ако е потребно, судири со полицијата и со окупирање на владините објекти, тоа е сосем рационално однесување – повика тогаш Јасмин Мујановиќ, што очигледно одговара на еден учесник во изготвувањето на извештаите на „Фридом хаус“.
Мујановиќ тогаш побара од Вашингтон и од Брисел да дадат поддршка на протестите и на создадените пленуми, групи граѓани собрани по примерот на американското левичарско движење Окупирај го Волстрит, феномен на радикално дејствување, кое подоцна се прошири и во Македонија.
Да не им се случи народ
„Дневник“ пишуваше за контроверзното учество на Пејџ Александер, која ги координира многуте грантови и проекти на УСАИД во Европа и на Балканот на настан на кој во екот на насилните протести во Босна еден од учесниците отворено повикуваше на изнесување катапулти на улиците.
И самата Александер во своите коментари упати повеќе пораки до босанските власти да внимаваат да не им се случи народ. – Американската амбасада доста гласно коментира по протестите, изрази поддршка за народот и побара одговорност од владата за исполнување на нивните барања.
Заменик-помошникот државен секретар Хојт Ји штотуку беше таму и рече дека ако претставниците на владата не го слушаат народот, нивните наследници ќе го послушаат. Мислам дека тоа беше многу силна порака. Зборувавме за пленумите и јас сум многу задоволна што гледаме претставници на невладините организации како се ангажираат за промените што сакаат да ги видат. Се разбира, не сакаме насилство, но важно е што овие гласови почнаа да се слушаат и тука УСАИД планира да се вклучи, да обезбедиме тоа да се стори што е можно помирољубиво – изјави Александер на трибината во Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во февруари 2014 година.
Kоментарот на Мујановиќ на „Твитер“, дека токму тој учествувал во изготвувањето на извештајот на „Фридом хаус“ за Македонија, отвора дополнителни прашања за стандардите при изработката на извештајот и дали тој служи како средство за политизираните, радикални активисти да ги оправдаат своите протести, пленуми и револуции. Првата реакција на коментарот на Мујановиќ беше од некоја активистка на СДСМ и на Младите европски федералисти, која му честита за тоа што добро ја завршил работата во подготвувањето на извештајот за Македонија.Мујановиќ ова самиот го објави вчера на својот твитер-профил за што веднаш доби честитки од активистите на СДСМ за добро завршената работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: