Радован Рашковиќ од Златибор почнал да става огласи дека нуди работа за 600 евра и 2 оброка дневно. Луѓето од Србија масовно почнале да се јавуваат на бројот кој го оставил.Имало повеќе од стотина пријави и повици, а Радован примил двајца работници.
– Ги земав нив двајца за да го научат процесот на производство на катран, за комплетно сами потоа да можат да работат во мојата фирма, вели Радован.
Еден од работниците дошол од Белград, другиот од Зворник и тоа било доказ дека животот понекогаш пишува романи.
– Едниот ми звучеше чесно и реков тоа е тоа, ќе работи кај мене, а другиот, е тоа е филмска приказна. Беше среда, имаше магла, имаше невреме овде. Видов еден човек како клечи на 50 метри од местото каде работам. Го прашав што прави среде улица, ми рече дојдов да работам. Тој ми рече, јас и за џабе ќе работам само дај ми корка леб, вели Радован.
Нешто го пресекло и сфатил дека мора да го вработи човекот кај себе.
Покрај тоа што е добар газда, Радован е и добар домаќин, па им обезбедил апартман на вработените.
Тој го извезува своето црно злато со години, но и понатаму живее скромно како потстанар и секако, со големо срце.Имало повеќе од стотина пријави и повици, а Радован примил двајца работници.
– Ги земав нив двајца за да го научат процесот на произв