Радовановиќ: Дали со молкот на СДСМ за случајот се најавува чистка во медиуми

При вчерашното гостување во „Отворено Студио“ на Тв Нова, новинарката Ирена Радовановиќ го искажа своето очекување од новата Влада што ќе ја формира СДСМ.-Очекувам конкретно во мојот случај, значи не е можно тие да не слушнале за случајот и не излегоа со соопштение да осудат такви закани кон новинарите. Новинарите слободно да работат. Со ова молчење тие го одобруваат тоа и им даваат поттик на таквите заканувачи, им даваат сила да продолжат  да се закануваат или не дај боже нешто полошо да направат. Јас очекувам од СДСМ исто како ВМРО-ДПМНЕ што излезе и го осуди тој што испраќа заканувачки пораки. Очекувам и од СДСМ како партија која ќе формира Влада треба да биде нели Влада за сите граѓани во Република Македонија, која треба да ги заштити сите граѓани во Република Македонија. Очекувам од СДСМ да го осуди тој што ми се заканува бидејќи со ова може да поттикне тие закани да станат чести или пак со ова се најавува  чистка на медиуми, појаснува Радовановиќ.
На прашањето- дали очекува притисоци врз новинарите при формирањето на Владата на СДСМ, таа одговори дека очекува и го кажа примерот во 2002 година.
-Во 2002 година кога дојде СДСМ на власт јас работев во „Вечер“ , Нова Македонија се приватизираше и ни се закани Никола Поповски на прес конференција говорејќи прво што ќе направел ќе го решел случајот со Нова Македонија. И тоа го направија, дојдоа на власт 2002 година оставија 1.200 вработени на улица, ги продадоа брендовите без никаква обврска спрема вработените, потенцираше Радовановиќ.
-Очекувам конкретно во мојот случај, значи не е можно тие да не слушнале за случајот и не излегоа со соопштение да осудат такви закани кон новинари

Пронајдете не на следниве мрежи: