Преку 70 лица од Радовиш денес помагаа во расчистувањето на последиците од невремето во с. Стајковце во Скопје. Покрај вработените до ТППЕ Радовиш, ЈП Плаваја, Македонски шуми и вработени во општината, на повикот се вклучија и голем број на наши сограѓани, особено забележително беше присуството на членови на Здружението „Бедем“.Радовишани се упатија во Скопје каде што во координација со кризниот штаб учествуваа и помогнаа во расчистување на куќите и дворните површини на повеќе смејства кој беа погодени од поплавата и работеа на расчистување на поплавените куќи и дворови зафатени од невремето.
Општина Радовиш и во наредниот период максимално ќе дава допринос, сѐ до целосно санирање на штетите во погодените населени места во скопскиот регион.
Тие упатија голема благодарност до компаниите кои ја помогнаа денешната акција и тоа: Детонит, Лукас трејд и Маком треф.
Радовишани се упатија во Скопје каде што во координација со кризниот штаб учествуваа и помогнаа во расчистување на куќите и дворните површини на по