Рафаел Надал, кој моментално се наоѓа на второто место на АТП листата, се враќа на терените. Неговата пи-ар служба објави дека наредната недела ќе настапи на турнирот во Пекинг.Надал уште од почетокот на јули нема одиграно ниту еден официјален меч. Ова е последица поради повредата на дланката, но според информациите, тоа е веќе минато и беше додадено дека последната седмица тренирал со максимален интензитет.
„Рафаел Надал ќе игра во Пекинг и во Шангај. Без големо очекување, но тоа се добри вести со оглед дека се враќа на теренот“, објави ПР агенцијата која го застапува шпанскиот тенисер.
Турнирот во Пекинг ќе трае од 29. септември до 5. октомври, додека Мастерсот во Шангај почнува на 5. октомври и предвидено е да трае во наредните седум дена.
Во меѓувреме, Надал во Казахстан ќе одигра два егзибициски натпревари со Французинот Жо Вилфред Цонга. До крајот на сезоната Надал очекува да настапи и на турнирите во Базел, Париз како и на завршниот сезонски Мастерс во Лондон.Надал уште од почетокот на јули нема одиграно ниту еден официјален меч. Ова е последица поради повредата на дланката, но според информациите, тоа е