Централното претседателство да расправа за предлозите на ДИK за 170.000 гласачи, од кои повеќето Албанци, да се издвојат во посебен избирачки список како дијаспора, бидејќи овој предлог е крајно штетен за Албанците и ќе значи нивно бришење од Избирачкиот список, пренесува Дневник.Ова е позицијата на Рафиз Алити, потпретседател на Собранието и член на највисоките партиски органи на ДУИ. Тој го повика лидерот Али Ахмети да ги свика партиските органи пред ДУИ да заземе став за предлозите на ДИK.
„Дневник“ објави дека има отпор во албанскиот политички блок за новите проверки на ДИK на гласачите што ги оспорува опозицискиот СДСМ, односно за 170.000 гласачи за кои се претпоставува дека се во странство и 40.000 што не биле најдени при теренските проверки, бидејќи повеќето од тие гласачи се Албанци.
Издвојувањето во посебни списоци на таа категорија граѓани како дијаспора дополнително предизвика и внатрепартиски судири во владејачката ДУИ, зашто за некои, тоа е директна закана за бришење на Албанците од гласачкиот список, а други го објаснуваат само како техничко прашање.
Kако што пишуваше Дневник, албанскиот политички блок стравува дека ќе изгуби значително гласачко тело зашто поголема дијаспора за нив не значи и сигурни пратеници Албанци од странство. Ова на партиите ќе им ги усложни и локалните избори зашто дијаспората ќе треба да ја донесат дома за да гласа, а можеби најголемиот отпор е поради тоа што помногубројната дијаспора ќе го намали процентот на Албанците дома при попис на населението.
– Ако предлогот на ДИK е 170.000 гласачи што ќе се пријават дека се во странство да бидат обележани со ѕвездичка и ставени во посебен список, тоа е многу сериозна работа за која партиските органи треба да расправаат. Тие што сметаат дека ова е техничка работа ќе треба сериозно да образложат. Идејата за ова не е од вчера. Македонските партии ја туркаат одамна, односно имаше и документ дека сите што живеат надвор од Македонија да бидат обележани со ѕвездичка. Знаејќи ја заднината на партиите, но и на институциите, постои голема опасност тие гласачи да бидат избришани од Избирачкиот список – изјави Алити за Дневник.
Од ДУИ вчера весникот не добил став како ќе се позиционира за предлозите на ДИK, ниту дали за ова Ахмети ќе го свика Централното претседателство.
Kоординаторот на пратеничката група Талат Џафери за една телевизија изјави дека евидентирањето на тие гласачи со ѕвездичка е техничко прашање и увери дека ДУИ нема да дозволи тие гласачи да бидат избришани од Избирачкиот список.
Дали ќе поминат предлозите на комисијата или партиите ќе настапат со дополнителни предлози и сугестии вчера молчеа и во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА, пишува весникот.
Според најавите, средба на ДИK со претставниците од партиите од големата четворка се очекува да има во среда. На работниот состанок партиите ќе треба да кажат дали за нив се прифатливи предлозите на ДИK за измена на модалитетите како ќе се постапува со тие категории гласачи.
Kако што веќе објави весникот, ДИK предлага 170.000 гласачи за кои се претпоставува дека се во странство, но не се одјавиле во МВР, во период од 20 до 30 дена сами да се пријават дали се во земјава или во странство. Гласачите што ќе се пријават дека се во странство ќе бидат ставени во избирачкиот список на дијаспората, а тие што нема да се пријават, ќе бидат евидентирани во посебен извод на избирачкиот список.
Лично да се пријават и докажат дека имаат право на глас ќе треба и 40.000 гласачи што при теренската проверка не биле најдени дома. Но, членовите на ДИK од власта и опозицијата не успеале да се усогласат за гласачите што нема да се пријават. СДСМ останал на ставот гласачите што нема да се пријават да не се запишат во Избирачкиот список, а власта инсистира тие да бидат евидентирани во посебен список.
Иако Избирачкиот список е еден, пластично кажано ДИK, за да ја надмине недовербата во листата, предлага четири избирачки списоци или изводи и тоа еден на кој се запишани избирачите со право на глас дома, втора листа за дијаспората, трета со тие од 170.000 гласачи што нема да се пријават и покрај кампањата на ДИK и четврти список во кој би биле евидентирани тие од 40.000 гласачи што нема лично да го потврдат правото на глас. Договорено е и ДИK да спроведе кампањи за двете категории гласачи.
СДСМ не отстапува од бришење на гласачите што нема да се пријават
Од СДСМ вчера потврдија дека нема да отстапат од барањето да се избришат од Избирачкиот список гласачите што нема сами да се пријават и докажат дека имаат право на глас.
– На првата средба на ДИK со партиите за тоа начелно беше постигнат договор. На вториот состанок власта се пишмани и бара од 40.000 гласачи да не ги бришат оние што нема да се пријават туку да бидат евидентирани на посебна листа. Начелниот договор беше тие гласачи да не се запишат во Избирачкиот список – велат од СДСМ за Дневник.Ова е позицијата на Рафиз Алити, потпретседател на Собранието и член на највисоките партиски органи на ДУИ. Тој го повика лидерот Али Ахмети да ги