недела, 29 ноември 2026
Најново

Раиконен најбрз на квалификациите за Големата награда на Монако

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возачот на „Ферари“, Кими Раиконен, беше најбрз на денешните квалификации што се возеа за Големата награда на Монако низ улиците на Монте Карло.Ова за Раиконен е прва пол позиција по девет години или вкупно 17.та во кариерата.
Веднаш до него во првиот ред ќе биде неговиот клупски колега Себастијан Фетел, кој имаше заостанување од 0.043 секунди, а третопласиран е Валтери Ботас од Мерцедес со 0.045 секунди.
Клупскиот колега на Ботас, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот и го освои 13.то место во квалификациите.
Во вториот ред заедно со Ботас ќе биде Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, додека неговиот клупски колега Даниел Рикардо е петтопласиран.
Во пресрет на утрешната трка Фетел (104) има шест поени повеќе од Хамилтон (98).
Стартот на трката е утре во 14 часот.Ова за Раиконен е прва пол позиција по девет години или вкупно 17.та во кариерата.
Веднаш до него во првиот ред ќе биде неговиот клупски ко

Поврзани вести