Ракометарите на македонскиот првак Металург, во сабота ќе го одиграат натпреварот од претпоследното коло во Ц групата во Лигата на шампиони.Металург, во рамките на деветото коло, во Чехов ќе му гостува на Санкт Петербург. Во пресрет на натпреварот, Металург е трет на табелата со 10 бодови, додека рускиот тим заедно со Шамбери ја дели претпоследната позиција.На натпреварот со Санкт Петербург, Металург е фаворит и според квалитетот и според позицијата на табелата. Овој натпревар сепак ќе биде вистински тест за играчите на Лино Червар, кој се обидува да ја врати победничката атмосфера во тимот по поразите од Брест Мешков во СЕХА лигата и Горење во Лигата на шампиони.Дуелот помеѓу Санкт Петербург и Металург, во сабота ќе започне во 16 часот.
МакфаксРакометарите на македонскиот првак Металург, во сабота ќе го одиграат натпреварот од претпоследното коло во Ц гр