Ракометарите на Вардар го запишаа третиот пораз по ред во Лигата на шампионите. По двата загубени дуели од европскиот првак Барселона „црвено-црните“ попладнево загубија од полскиот првак Киелце со 23:20.Полјаците во текот на целиот дуел го контролираа резултатот и не му дозволија на нашиот шампион да се надева на позитивен резултат.
По почетните 1:1 и 2:2, следуваа три гола за Киелце, а веќе по 20-ина минути беше пет разлика (9:4). На полувреме се отиде со резултат 10:6. Негативата на Вардар не беше поголема само по заслуга на голамнот Страхиња Милиќ кој имаше девет интервенции.
Предноста на Киелце продолжи да расте и во второто полувреме, за во два наврата да изнесува максимални плус седум.
Сепак, до крајот избраниците на Раул Гонзалес одиграа поангажирано и ја преполовија високата предност на противникот.
Најдобри играчи кај Вардар беа Сергеј Горбок со шест погодоци и голманот Милиќ со 15 одбрани.
Во победничкиот состав Михал Јурецки пет пати се запиша во листата на стрелците.Полјаците во текот на целиот дуел го контролираа резултатот и не му дозволија на нашиот шампион да се надева на позитивен резултат.
По поче