Работната верзија на ракописот на класиката на американската поп музика, „Американска пита“ („American Pie“) на кантавторот Дон Меклион, е продадена за 1,2 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристи“.Една од најпознатите песни на 20-от век, не успеа да ја достигне рекордната цена од два милиони долари, која минатата година ја постигна рачно напишаниот текст на песната „Like A Rolling Stone“ на Боб Дилан.
„Постигната е цена што ја потврдува креативната генијалност на Дон Меклион и која е доказ за испиративната моќ на песната“, изјави претставникот на „Кристи“, Том Леки.
Ова е трета највисока сума платена за оригинален текст на некоја песна.
Непознато е името на купувачот.Една од најпознатите песни на 20-от век, не успеа да ја достигне рекордната цена од два милиони долари, која минатата година ја постигна рачно напи
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.