Ракот на дебелото црево може да се избегне со помош на овие 8 правила!

На некои фактори, како што на пример е генетската предиспозиција, не можеме да влијаеме. Но, неправилната исхрана, пушењето, дебелеењето, физичката неактивност – сето ова предизвикува рак на дебелото црево и можеме сами да го спречиме.Порталот Everydayhealth, даде осум упатства до кои би требало да се придржувате за да го избегнете ракот на дебелото црево, а кои ги издаде Американското здружение за истражување и борба против карциномот (АСЅ).
Одиме по ред:
1. Избегнувајте шницли и колбаси
Месните преработки, нарезоци, големите количества на црвено месо подготвени во длабока маснотија, треба да се избегнуваат во голема мера. Во студијата објавена во јануари 2014 година, се наведува дека 100 грама црвено месо дневно го зголемува ризикот од карцином на дебелото црево за 14%. Во текот на неделата јадете помалку од пола килограм црвено месо, а месните преработки избегнувајте ги во целост.
2. Бирајте само здрави маснотии
Не се забранети баш сите маснотии – бирајте ги незаситените, а избегнувајте ги заситените маснотии. Конзумирајте повеќе риба.
3. Јадете доста овошје и зеленчук
Исхраната збогатена со овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево за 25%.
4. Јадете почесто жолти и портокалови намирници
Конзумирајте доста моркови, сладок компир или тиква.

5. „Слабите“ протеини се идеална состојка на вашата исхрана
Американското здружение за истражување и борба против карциномот, покажува дека 4% од сите карциноми кај мажите, а 7% кај жените, се појавува при проблемот со вишокот килограми. За да внесувате повеќе од потребните протеини, немојте да ја јадете кожичката од пилешкото и внесете повеќе ореви или семки во својата исхрана.
6. Намирниците богати со влакна делуваат врз целокупното здравје на организмот
Јаболки, круши, моркови, компири, брокули… Почнете веднаш да ги јадете.
7. Не претерувајте со алкохолот
Претерувањето со алкохолот е еден од ризик-факторите за карцином на дебелото црево. Студиите покажуваат дека мажите во просек би требало да се ограничат на две чаши алкохолен пијалак дневно, а жените на една.
8. Внимателно подгответе ја храната
Важно е да се избегнуваат методите за готвење кои го зголемуваат ризикот од заболување од рак на дебелото црево. Пржената храна е онаа која треба да се избегнува, како и онаа од микробрановата печка.Порталот Everydayhealth, даде осум упатства до кои би требало да се придржувате за да го избегнете ракот на дебелото црево, а кои ги издаде Америка

Пронајдете не на следниве мрежи: