Пациент, кој боледуваше од рак, ги зачуди докторите откако по новиот третман за само 12 недели се отстраниле 70 потенцијални смртоносни тумори, пишува „Дејли Мејл“. Ијан Брукс (47), се борел со реткиот облик на не-Хоџкинс лимфоми, рак кој влијае на имунолошкиот систем. По неколку неуспешни обиди за лечење, мислел дека набрзо ќе умре.
И тогаш, како последен избор, на Брукс му беше понуден новиот лек. Само 12 недели подоцна, докторите кои го лечеле во болница во Манчестер биле вчудоневидени кога откриле дека телото му било потполно чисто.
Овој автомеханичар од Болтон стана прва личност надвор од САД која го пробала лекот „Brentiximab Vedotin“. Се работи за вид моноклонски антитела, кои бараат специфични протеини на надворешната страна на ракот, а потоа ги уништува и внатре. Овој метод на лечење се покажа како успешен, па сега е достапен ширум пациентите.
Револуционерна работа
„Денес не би бил овде да не беше револуционерната работа, која се спроведува во болница. Мојот специјалист во болница беше толку возбуден кога ги виде резултатите од наодите и веднаш ми ги покажа. Имав околу 70 тумори во своето тело и тие исчезнаа само така. Тоа е неверојатно чувство“, изјави тој.
Околу 1500 случаи од не-Хоџкинс лимфоми се забележани во Велика Британија секоја година, а Брукс боледува од уште поредок облик на болеста, наречен анапластични лимф на големите станици. Карциномот му бил дијагностициран во 2001 година и во почетокот добро реагирал на лечењето. Сепак, болеста му се вратила во 2008 година.
Тој беше изложен на пресадување на матични станици, но ракот се врати и прошири по целото негово тело. Било прашање на ден кога тој ќе умре. Во тој момент, состојбата му била многу тешка, па доброволно прифатил на него да го тестираат новиот лек.
Во само 24 часа од користење на лекот, се забележале неверојатни знаци на подобрување.
Прочитајте повеќе за лечењето на ракот со помош на магнети!Ијан Брукс (47), се борел со реткиот облик на не-Хоџкинс лимфоми, рак кој влијае на имунолошкиот систем. По


