Лидерот на албанските социјалсти и актуелен премиер Еди Рама повторно го минимизира бројот на припадниците на македонската етничка заедница во неговата земја и се фали со правата што тие ги ползуваат, наспроти „многуте“ припадници на албанската етничка заедница во Македонија.Ја користам оваа прилика да изразам задоволство од фактот дека и во соседната земја работите добиваат нормална насока. Јас сум многу среќен што сме дале одличен пример, како Социјалистичка партија, како влада на Социјалистичката партија, една мала заедница, заедницата со многу мал број жители да биде посебна општина, им го признавме правото да бидат посебна општина, бидејќи ние го почитуваме фактот дека тие се како нас и различни од нас. Го почитуваме фактот дека тие се едно мало семејство Македонци што ги имаме меѓу нас и давајќи го примерот дека ги почитуваме како да се дел од нас, ние им кажуваме на нашите соседи за толку малку ваши луѓе тука, ние ги почитуваме исто како и нашите луѓе, но за толку многу наши луѓе таму вие што правите!? Затоа што Албанците во Македонија не се малцинство, тие се државотворен ентитет, изјавил Рама на предизбрна средба со организацијата на жени на СП за околијата Корча, пренесува весникот „Македониум“.
Ова не е првпат Рама да ги пребројува припадниците на албанската етничка заедница во Македонија, потсетува весникот и додава дека тој во неколку наврати тврди дека ги има над 35 отсто од вкупната популација и оти Албанците се државотворен народ во Македонија.
Од друга страна Рама „заборава“ дека Македонци не живеат само во Мала Преспа, туку нив ги има и во Гора, Голо Брдо, Корча, Тирана, Драч…или над 120 илјади Македонци или како што ја нарекува Илир Мета, прекрасната македонска заедница, констатира весникот „Македониум“ .Ја користам оваа прилика да изразам задоволство од фактот дека и во соседната земја работите добиваат нормална насока. Јас сум многу среќен што сме