Албанскиот премиер Еди Рама, покровителот на Тиранската платформа која е вовед во федерализација и разнебитување на македонската држава продолжува да се меша во внатрешни работи на нашата земја. За Рама, Македонија е веќе бинационална држава.Рама во своето последно интервју за една албанска телевиизија ги заборава останатите етнички групи, односно делови од народи што живеат во земјава и вели дека населението било составено од Македонци и Албанци. Според овие зборови на Рама, Македонија е веќе бинационала држава.
-Албанците не се бегалци во Македонија, тие се интегрален дел од населението со две различно националности, тоа се Македонците и Албанците, вели Рама.
Рама во интервјуто заканувалки вели дека бaз Албанците ќе ја снемало Македонија и лаже дека Албанците биле третирани како граѓани од втор ред , иако фактите говорат дека тие имаат многу поголеми права од кое било малцинство во Европа.
-Нашите соседи имаат еден државотворен нaрод без кој нема Македонија и тие се замислуваат дека можат да ги третираат како граѓани од втор ред, вели Рама.
Во интервјуто Рама се обидува да се “испере“ за Тиранската платформа, тврдејќи дека тој немал никаков удел, иако фотографиите од потпишувањето на Божиќ и претходните изјави го демантираат.
Претседателот на партијата Црвено-црна Алијанса од Албанија, Крешник Спахиу неодамна потврди дека Тиранската платформа е масло на Еди Рама и како што вели, тој станува дел за начинот на кој треба да се формира македонската Влада, држејќи тотално страна на линијата на Сорос.
Tој во емисијата „Ora e intervistes“ на телевизијата Ора њус, која е лидер на пазарот на медиуми во Албанија вели дека се знае оти Заев е финансиран на директен начин од Сорос, па дури и дека прислушуваните разговори се финансирани од Сорос.
-Албанскиот Премиер и Тирана изиграа многу погрешно, изиграа погрешно затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна и во одреден момент албанскиот Премиер станува дел, станува едностран дел за начинот на кој треба да се формира Влада држејќи тотално страна на линијата на Сорос. Затоа што се знае дека Заев е финансиран на директен начин се знае дури и дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос и сигурно дека му се даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Македонија, истакна Спахиу.
Албанските медиуми уште кон крајот на минатата година пишуваа дека премиерот на Албанија Еди Рама подготвил документ за сите албански партии со Македонија кои добиле мандати на изборите. И покрај обидите за негирање дека Платформата на албанските партии од Македонија е создадена и потпишана во Тирана, албанската телевизија „Визион Плус“ на 28-ми декември објави информација, која подоцна беше пренесена од повеќе медиуми, дека платформата е составена од албанската влада.
-Официјална Тирана има подготвено нацрт документ за албанските политички партии во Македонија. „Визион Плус“ дознава дека утре премиерот Еди Рама ќе им го пренесе овој документ на лидерите на политичките субјекти. На тој документ се бара унификација на интересите на Албанците, објави телевизијата.
Албанските партии ги имаат веќе потврдено овие информации во врска со средбата со премиерот на Албанија.
-Формирањето на нова Влада во Македонија претставува еден посебен интерес за официјална Тирана. Формирањето на Влада во Скопје дефинитивно зависи од ставот кој ќе го заземат албанските партии таму. Албанската Влада има подготвено еден советодавен документ за сите албански партии во Македонија каде ја пренесува својата позиција околу ставот на албанскиот фактор во соседната држава. „Визион Плус“ дознава дека албанскиот премиер Еди Рама ќе го предаде ова писмо на состанокот во четврток со лидерите и претставниците на албанските политички субјекти, велат од албанската телевизија.
Во прилогот на телевизијата се наведува дека најголемиот интерес на официјална Тирана е да има едно покомплетно претставување во идната Влада во Скопје, а со цел да се предизвика конструктивен притисок од овие субјекти за одбрана на интересите на сите Албанци во Македонија.Рама во своето последно интервју за една албанска телевиизија ги заборава останатите етнички групи, односно делови од народи што живеат во земјава