После целодневен молк, по повод застанувањето на возот, кој по 18 години тргна од Белград за Косовска Митровица, се огласи и албанскиот премиер Еди Рама поради „притисокот на граѓаните“, пишува приштинскиот весник „Зери“Откако граѓаните преку социјалните мрежи барале од Рама да се изјасни по тоа прашање, Рама рекол дека нема потреба за загриженост, за како што вели, политички игри со „возови и авиони“.
Според неговите зборови, „Србите на Косово ќе можат да влезат само како туристи“, пишува приштинскиот дневник. Рама рекол дека Косово по едностраното прогласување на независноста успеало како „независна држава“, додека Белград и понатаму пати од „кошмарот на минатото“. Тој смета дека тие кошмари ќе продолжат додека Белград не го признае Косово. „Овие игри со возови и авиони се политички маневар за резултати“, заклучил Рама.
Еди Рама претходно провоцираше продолжена политичка нестабилност во Македонија, преку лидерите на Албанските партии од кои бараше да состават „албанска платформа“ како услов за формирање на Влада.Откако граѓаните преку социјалните мрежи барале од Рама да се изјасни по тоа прашање, Рама рекол дека нема потреба за загриженост, за како што вели