И денес сме тука пред Апелациониот суд да го искажеме нашето незадоволство, но од друга страна и да дадеме поддршка на правдата и на судот бидејќи со одлуката која ја донесе судот вчера тој потврди една работа дека судиите од кривичниот совет кои ја усвоиле одлуката на СЈО, односно дека тие постапувале по притисок на СЈО, изјави денеска Зекир Рамчиловиќ, претеник од Бошњачката заедница во Собранието на Р. Македонија.Денеска тука најголем дел од луѓето се вработени и како што кажав и вчера ова навистина може да претставува голем социјален проблем, бидејќи во овие фирми има вработено илјадници луѓе, во секој случај јавноста мора да знае една работа, она што многу се шпекулира и се премолчува во дел од медиумите е тоа дека во целата постапка се зборело за некакви милиони, но СЈО добро знае, но и македонската јавност мора да знае дека сите работи пропишани со тендерот се завршени, овие луѓе позади работеле четири години и никој не земал пари, парите се сработени и не е оштетена ниту државата, ниту едно петпријатие и тоа е она што е најбитно, вели Рамчиловиќ.
Вработените во Трансмет го прашуваат СЈО дали знаат што ќе се случува со овие 1200 вработени, дали знаат колку семејства се ранеа од тие проекти, дали знаат каква штета ќе нанесат на компанијата и дали знаат каква штета нанесуваат со нарушување на угледот на Сеад Кочан? Тие денеска пред Апелациониот суд порачаа дека нема да отстапат од нивните барања и велат дека бараат правда за господинот Сеад Кочан.
-Ние ќе ги следиме состојбите и понатаму и јас отворено прашувам дали еден Бошнаќ не може да биде успешен бизнисмен во државава? Дали не може да биде успешен професор, или пак доктор? Тука не треба да правиме разлика и нема да потклекнеме. Ние постојано ќе бидеме тука се со цел правдата да си го најде патот, ние остануваме и од овде порачуваме дека поддршката може да биде само поголема и сакам вие како медиуми објективно да пренесувате и јавноста мора да знае дека ова што се прави е политички мотивирано и тоа нам не ни треба, потенцираше Рамчиловиќ.Денеска тука најголем дел од луѓето се вработени и како што кажав и вчера ова навистина може да претставува голем социјален проблем, бидејќи во ови