Рамстор Мол и здружението за борба против ракот Борка од утре (11.11) започнуваат голема хуманитарна кампања под слоганот: Сакаш ли и ти да помогнеш?, со цел зголемување на свесноста за ракот и превентивно и навремено делување.Секој вторник во наредните три недели во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции кои ќе имаат за цел да ја запознаат подобро јавноста со ракот на дојка, рак на матка и ракот на тестиси. Во кампањата ќе бидат вклучени и маркетот во трговскиот центар, дел од брендовите кои се нудат во самиот маркет и продавниците во Рамстор Мол.
„Во месец ноември заедно со здружението Борка подготвивме кампања со која сакаме во трговскиот центар да привлечеме што повеќе хумани луѓе кои покрај тоа што ќе донираат средства за здружението кое потоа ќе ги намени на оние лица на кои им е потребна голема помош, детално ќе се информираат и ке ја зголемат свесноста за ракот и како превентивно и навремено да делуваат“, велат претставници на Рамстор Мол.
Покрај информативните пултови и хуманитарните кампањи, секој вторник со почеток во 16 часот ќе се одржува и работилница која ќе биде водена од страна на Биба Додева, претседател на здружението Борка и стручно медицинско лице, на која посетителите ќе може да пристапат кон индивидуални и групни консултации и да ја следат демонстрацијата на самопрегледот на Фантом дојките кои ќе им овозможат на жените да научат како правилно да ги прегледуваат своите гради.
За оваа хуманитарна кампања, маркетот и продавниците во трговскиот центар, процент од продажбата ќе донираат на здружението Борка.Секој вторник во наредните три недели во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции кои ќе имаат за цел да ја зап