Новоизбраниот градоначалник на градот Артуклу во округот Мардин во југоисточна Турција, денеска е тешко ранет при вооружен напад.Емин Јармак од курдската Партија за мир и демократија, кој беше избран на локалните избори во неделата, е застрелан во грбот и е примен во болница во тешка состојба.
Полицијата во моментов трага по напаѓачите.
Јармак освои 35,8 отсто од гласовите и победи со 0,8 процентни поени разлика пред кандидатот за градоначалник на владејачката Партија на правдата и развојот.
Дешениот обид за атентат е уште еден напад, извршен врз кандидатите за градоначалници по локалните избори на 30 март. Вчера беше убиен кандидатот за градоначалник на градот Тило во округот Сирт, кој е од редовите на исламистичката Партија на среќата. Пет лица беа ранети во вооружениот напад.
На денот на изборите беше нападнат и градоначалникот на одмаралиштето Мармарис, Али Аџар од опозициската Републиканска народна партија. Непознати лица минале со автомобил во близина на неговиот дом и отвориле оган кон него, но никој не е ранет во нападот.Емин Јармак од курдската Партија за мир и демократија, кој беше избран на локалните избори во неделата, е застрелан во грбот и е примен во болница