среда, 25 ноември 2026
Најново

Ранет турски градоначалник при вооружен напад!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новоизбраниот градоначалник на градот Артуклу во округот Мардин во југоисточна Турција, денеска е тешко ранет при вооружен напад.Емин Јармак од курдската Партија за мир и демократија, кој беше избран на локалните избори во неделата, е застрелан во грбот и е примен во болница во тешка состојба.
Полицијата во моментов трага по напаѓачите.
Јармак освои 35,8 отсто од гласовите и победи со 0,8 процентни поени разлика пред кандидатот за градоначалник на владејачката Партија на правдата и развојот.
Дешениот обид за атентат е уште еден напад, извршен врз кандидатите за градоначалници по локалните избори на 30 март. Вчера беше убиен кандидатот за градоначалник на градот Тило во округот Сирт, кој е од редовите на исламистичката Партија на среќата. Пет лица беа ранети во вооружениот напад.
На денот на изборите беше нападнат и градоначалникот на одмаралиштето Мармарис, Али Аџар од опозициската Републиканска народна  партија. Непознати лица минале со автомобил во близина на неговиот дом и отвориле оган кон него, но никој не е ранет во нападот.Емин Јармак од курдската Партија за мир и демократија, кој беше избран на локалните избори во неделата, е застрелан во грбот и е примен во болница

Поврзани вести