Ранети две деца, а Спасовски и Заев го штитат началникот на СВР Струмица

Полициски службеник со службениот пиштол пукаше и повреди двајца малолетници во Струмица, а министерот Оливер Спасовски го штити началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски и не бара никаква одговорност. Во заштита очигледно се става и Зоран Заев бидејќи синот на началникот Пројковски, Даниел Пројковски е еден од првите луѓе во неговото обезбедување.Од она што веќе е познато полицаецот пукал кон две деца на возраст од 16 и 17 години. Едното момче е погодено во градниот кош и се наоѓа на КАРИЛ, а другото во нога и во струмичката болница му бил извршен оперативен зафат.
До инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое биле двајцата малолетници, а за кои претходно било пријавено дека се обиделе да извршат кражба на чамец во близина на браната Мантово. Малолетниците на два пати ја избегнале полициската патрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило на споредниот пат кај Градската капела.
При обидот да се приведат осомничените, полицискиот службеник употребил огнено оружје при што биле повредени двете деца.
Поголема група млади лица вчера одржаа мирен протест пред Министерството за внатрешни работи по повод инцидентот. Триесетина млади протестираа против политичката бруталност и побараа одговорност од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тие исто така побараа случајот во целост да се расветли и сторителот да ја добие заслужената казна.
-Ние младите не сме топовско месо, ние сме иднината на државата, ние ќе ја градиме, браниме, чуваме и живееме слободно во неа. Ништо од ова ако згасне животот, најстрашно ако тоа се млади и деца. Остро ги осудуваме вчерашните настани во Струмица каде полицајци пукаа во малолетни лица, наши врсници, на некого другари и роднини. Полициската униформа треба да биде симбол за безбедност и сигурност на граѓаните. Полицијата и полициските службеници треба нас да нѐ штитат, а не да пукааат во нас. Според информациите во јавноста не било извадено никакво оружје од страна на малолетниците ниту пак била загрозена безбедноста на полицајците, вели Марко Велковски.
Тој истакна дека се работи за сериозно кривично дело и бараат соодветно извршителот на делото да биде законски санкциониран.
-Затвор за полицискиот службеник. Ваквото однесување доколку соодветно не се санкционира во иднина ќе предизвика многу жртви меѓу кои може да биде секој од нас.Оваа е полициска бруталност. Ова не смее да се повтори, во прашање се млади човечки животи, додава Велковски.
Инаку се уште нема официјални информации од Клиничкиот центар, од КАРИЛ за состојбата на едно од ранетите момчиња. Од КАРИЛ не даваат точна информација за состојбата во која се наоѓа 17 годишното момче кое беше рането од полициски службеник кој пукал со службениот пиштол.Од она што веќе е познато полицаецот пукал кон две деца на возраст од 16 и 17 години. Едното момче е погодено во градниот кош и се наоѓа на КАРИЛ,

Пронајдете не на следниве мрежи: