Рангелова: Без поддршката од Груевски жените ќе ја немаа моќта да креираат политики во партијата

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е една од најсилните организации во Р. Македонија и партијата ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато денеска на панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема “Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”Претседателката на Унијата Даниела Рангелова истакна дека таквата положба на оваа организација во партијата се должи на големата посветеноста на самите жени и на трудот кој што го вложуваат  за да можат да дадат поголем придонес  за состојбата на жената во целокупното општествено живеење.

Таа изрази голема благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за поддршката која ја добиваат жените бидејќи без таа поддршка жените не би ја имале таа  моќ да зборуваат во нивно име и да креираат политики во партијата.

Кон неа се надоврза и Валентина Божиновска , која е од самиот момент на формирање на партијата.
Таа посочи дека позицијата на жената во партијата сега е многу силна, за разлика од порано. На почетокот од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот имало само 5 пратенички , со измените на законот за пратеници во 2002 таа состојба комплетно се менува. Во 2004 се менува и Законот за локална самоуправа со што жената ја добива својата рамноправност.
Претседателката на Унијата Даниела Рангелова истакна дека таквата положба на оваа организација во партијата се должи на големата посветеноста на са

Пронајдете не на следниве мрежи: