Рангелова: Македонската жена ужива многу права

Ние од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го имаме својот глас.  Жените од ВМРО-ДПМНЕ сме силни жени и затоа и сме најсилната женска организација во државава и пошироко. Гласот  на жените во Република Македонија веќе одамна се слуша. А и гласот на жените во Република Македонија, за волја на вистината е вреднуван многу повеќе од претходно. Нашата идеја, мисла и мисија ја слушнаа сите од нашата држава, истакна претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, на годишната конференција.-Ние, жените, во минатото имавме можност да избереме две опции, посветеност, наспроти индиферентност кон она што се случува во нашата татковина.  Ние ја избравме посветеноста. Ние одлучивме да работиме за иднината на оваа држава, за иднината на Република Македонија. Но, за ова беше потребна храброст, беше потребна волја, беше потребна пожртвуваност. Оваа преполна сала, оваа позитивна енергија сведочи дека на Унијата на жени никогаш не и недостасувале посветеноста,  храброста и успехот и покажува дека на овој начин се сака  државата, Р. Македонија, рече Рангелова.
Таа им изрази благодарноста на сите жени од унијата за тоа што одвојуваат од своето време за да се насочат кон активностите на унијата.
-Годините зад нас се години на огромни вложувања во сите сфери каде што како Унија сме се посветиле, сме поттикнале, охрабриле, помогнале, обновиле, иницирале, оствариле. Сите овие години силната мотивација која ја носиме во себе како обврска за нашите  семејства и идните генерации воопшто не се намали, напротив нејзиниот интензитет се повеќе се зголемува. Како резултат на ова ние сме дел од сите општествени промени. Го почитуваме мислењето и дадените идеи на секоја наша членка, прифаќајќи ги како потенцијал за натамошно унапредување и усовршување во секој сегмент. Ние како УЖ на ВМРО-ДПМНЕ дискутираме за постојните законски решенија, даваме идеи за нови, го втемелуваме својот потенцијал во многу наши проекти, рече Рангелова.
Таа посочи дека со цел да се  зајакне структурата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ биле  организирани бројни обуки, конференции, семинари, трибини, работилници и најразлични тренинзи.
-На тој начин УЖ во своите редови  има обучени кадри, подготвени непосредно да ги практицираат своите вештини во реализирање на своите активности, рече Рангелова.
 
Иднината на Македонија беше и останува нашиот мотив
Сведоци сме на наметната криза. Сведоци сме на креирани Шарени револуции во партиски штабови. Сведоци сме на планирани сценарија и конструкции. Сведоци сме на многу лаги, уцени и кодошења изречени од опозицијата, истакна Рангелова.
-Морам оттука јасно да порачам. Ние со почетокот на кризата, ја отпочнавме и нашата борба за зачувување на нашата држава и борба за иднината на нашите идни поколенија и деца во каква држава ќе живеат. Дали во онаа Македонија што ја замислуваат Заев и СДСМ или во Македонија која што ќе им нуди иднина и УСПЕХ на нашите деца.Женската мудрост вели, дека ако стоите на средината на патот и не одите ниту напред ниту назад е премногу опасно, бидејќи можете да бидете срушени од сообраќајот од двете страни. Ние тргнавме по еден пат и од тој пат нема враќање. Жените како столб на семејството, Унијата на жени како столб на оваа држава, нема да останеме на среде пат и нема да дозволиме да нема крај ова 2 годишно патешествие. НИЕ ќе ставиме крај на оваа криза! Иднината на Македонија беше и останува нашиот мотив, а нејзиниот просперитет е нашата највисока цел. Затоа од ова место сакам да порачам, Македонија е во сигурни раце, Македонија не има нас, Македонија го има ВМРО-ДПМНЕ, истакна таа.
 
Политичките процеси не смеат да останат осиромашени од присуството на женскиот начин на согледување и решавање на секаков вид проблеми, коишто во основа, подеднакво ги допираат и мажите и жените, но и најважно, нашата иднина, младите во Р. М. Нема да запреме со нашите активности се додека не најдеме постојано решение за надминување на сите проблеми кои не засегаат, истакна Рангелова.
Веќе од овие избори жените во законодавниот дом ќе учествуват со 40% од вкупниот број на пратеници, а на наредните локални избори и со 40 % од вкупниот број на советнички места и секако, повеќе градоначалнички. За среќа, ние денеска не дискутираме за родова еднаквост – ние денеска ја уживаме таа родова еднаквост, рече Рангелова.
Таа посочи дека денеска имаме многу успешни жени во Р. Македонија во сите професии.
-Нашата поддршка на проектот на Владата на Република Македонија. Повеќедетно семејство е една од најсилно изразените, преку бројни трибини, кампањи и посети на повеќедетните семејства. Околу 17 илјади жени ја користат бенефицијата од кампањата за трето дете, а во полн ек се спроведува и мерката за ин витро оплодување. Грижата и заштитата на мајката и детето се нашиот приоритет и залагање да го добијат вистинското внимание и посветеност од сите аспекти, Со гордост можам да кажам дека бремените жени денес не смеат да бидат дискриминирани. Со последните законски измени кои го донесе владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, нивното работно место е загарантирано, истакна Рангелова.
Додаде дека денес македонската жена ужива многу права и државата ѝ нуди многу опции како истите да ги реализира и остварува. Нејзината успешност за остварување на правата не може да се оценува исклучиво според еден критериум, туку според повеќе.-Ние, жените, во минатото имавме можност да избереме две опции, посветеност, наспроти индиферентност кон она што се случува во нашата татковина.&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: