Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес обраќајќи се од собраниската говорница кон пратеникот од НСДП Горан Мисовски, побара да одговори како тоа зборува за криминални избори кога неговата партија беше дел од Владата која што доби мандат на едни од тие избори.-Најмалку од вас очекував да кажете дека сите претходни избори биле криминални и со тоа ја погазувате тезата дека секоја власт била криминална бидејќи, да ве потсетам, дека и вие учествувавте во како што цените, криминална власт. Бидејќи како што велите дека изборите биле некредибилни и криминални зошто тогаш учествувавте во таа влада? За пари? За фотелји? Во однос на тоа за последните избори велите дека имало многу изборни нерегуларности. Зошто не поднесовте приговори до избирачките комисии ако изборите беа криминални како што велите, рече Рангелова.
Рангелова во продолжение додаде дека според неа опозицијата е хулиганско здружение и дека токму од платите на пратениците кои што фрлаат со боја кон Собранието треба да се исчисти фасадата на законодавниот дом.
-Цело време викате дека ние сме биле не знам некакво злосторничко здружување. Вие што сте? Хулиганско здружување? Сте ја поддржувале шарената револуција. Јас ако се прашувам на вас пратениците кои што фарбате ќе ви ги одземам сите плати за да се исчисти Собранието, а не да се чисти Собранието со народните пари. Кај зимавте годинаипол незаслужена плата сега да ги дадете парите да се исчисти фасадата на Собранието на Република Македонија. Викате сме плачеле и дека сме го изгубиле тлото под нозете. Знаете ли што е разликата? Вие колеги пратеници од опозицијата никогаш не го имавте тлото под нозете, вие 10 години лебдите во воздух, заклучи пратеничката.-Најмалку од вас очекував да кажете дека сите претходни избори биле криминални и со тоа ја погазувате тезата дека секоја власт била криминална биде