Тука сме вечерва за да им порачаме дека доста веќе не понижуваат. Две ипол години различни сценарија смислуваат само за да го држат овој македонски народ во заложништво, порача Даниела Рангелова, вчера вечер пред ДИК.Три пати одложуваа избори. Во оваа изборна кампања се служеа со сценарија и поткупи. И кога ВМРО-ДПМНЕ, победи денеска се пак тука да ни ја украдат победата. Нема тоа да им го дозволиме. Ако сме жени. Гледам многу жени има тука вечерва, нивните жени вечерва се дома, покрај нивните деца покрај нивните сопрузи. Ние сме тука да бидеме на браникот на нашата држава. Нема да дозволиме ниту еден глас да ни одземат. Ниту еден, рече Рангелова.
Се надевам дека оние кои што се горе членовите на ДИК, додаде таа, знаат да го почитуваат правото.
-Овие две ипол години веќе не знаеме што е правна држава. Ни правеа секакви притисоци. Ни се закануваа. Им се закануваа на нашите семејства. Не обвинија. А зошто? Затоа што си ја сакаме државата, рече Рангелова.
Што сакате може да ни правите, но душата не може да ни ја земете, заклучи таа.
Три пати одложуваа избори. Во оваа изборна кампања се служеа со сценарија и поткупи. И кога ВМРО-ДПМНЕ, победи денеска се пак тука да ни ја украдат