СДСМ остави белег на нивното однесување тука во Центар, на местото на злосторот каде Шарените уништуваа. Се виде кој гради, а кој уништува, кој шири гнев и омраза и кој ја сквернави државата.-Денеска сме на исто место каде што Пендароски го нарече својот народ стока. Замислете својот народ да го наречеш стока и после да бараш глас од тие луѓе. Далеку беа од власта и далеку ќе останат. Не знаат ниту пак планираат да направат нешто. Ветуваат се и сешто за да дојдат на власт, за да направат финална распродажба на македонските национални интереси. Уставот бил нивен предмет на интерес, а не подобар живот. Двојазичност бил нивниот цел на интерес, а не економски просперитет. Ајде да видиме план за живот што нудите, ако ја прочитаме програма а, ветуваат политипини општини каде некои општини да имаат своја полиција, градоначалникот може да командува со нив, да издаваат лични карти и пасоши. Се залагаат за држава во држава и кантонизација на Македонија, рече Рангелова.
Рангелова рече дека секој еден треба да тргне од помислата не што може да добие туку што може да загуби. Битката е за или против државата. Изборот е број 1, Број 1 за Македонија, за Никола Груевски, Никола Попоски.
-Меѓу граѓаните начесто прашање е: Зарем ќе дозволите двојазичност. Овој народ нема тоа да го дозволи. Народот ќе се крене и ќе рече не на Заев и планот за поделба на Македонија, доста не делеа и парчеа и се изживуваа врз неа. Ќе ја зачуваме и таква ќе ја предадеме, ова е библиска земја, не дозволуваме на никој да се пазари со Македонија, заклучи Рангелова.-Денеска сме на исто место каде што Пендароски го нарече својот народ стока. Замислете својот народ да го наречеш стока и после да бараш глас од ти