Граѓаните на Република Македонија на 11-ти декември јасно се изјаснија дека ги поддржуваат проектите и реформите предвидени во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои значат просперитет на земјата. Тие не гласаа за пост изборни измами кои ги наметнува криминогениот СДСМ преку сеалбанската Платформа потпишана во Тирана, истакна на денешната прес-конференција Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните на Република Македонија не сакаат редефинирање по урнек препорачан од други држави, ниту пак сакаат менување на Устав и вметнување на Тиранската Платформа во него, како што препорачува албанскиот министер за надворешни работи. Граѓаните сакаат обединување околу државните и националните интереси на она што се нарекува единствена Македонија.
Секој ден народот ги слуша креаторите на неуставната Тиранска Платформа како ја негираат и напаѓаат Македонија, а криминогениот СДСМ молчејќи го прифаќа редифинирањето на Република Македонија.
За разлика од Тиранската Платформа која нашата држава ја уназадува и одалечува од евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ го нуди Манифестот за Единствена Македонија која нуди разни решенија за доближување на нашата цел, а тоа е влегување во семејството на ЕУ и НАТО.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ водена од интересите на граѓаните, нуди решенија како да се подобри и обезбеди поефикасна прекугранична соработка во соседството. Затоа корисно е формирање на европски регион помеѓу Република Македонија и соседните земји за подобро искористување на ЕУ фондови, особено во делот на зачувување на природата, водите и транспортните коридори.
Што има СДСМ против овој елемент во Манифестот?
Зошто со Тиранската Платформа ја одалечува Република Македонија од нашата обединувачка цел а тоа е членството во ЕУ и НАТО?
Криминогениот СДСМ со оваа неуставна Платформа има за цел да го смени и Уставното име на Република Македонија.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за Единствена Македонија, предлага партиите да се договорат да не се прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози кои ќе го загрозат македонскиот национален идентитет, кои ќе ја загрозат засебноста на македонската нација и македонскиот јазик.
Зошто СДСМ не се согласува со овие предлози?
Дали основната причина е тоа што СДСМ е уценет со криминалите што ги има сторено нивното раководство изминатиов период?
Нема да дозволиме некој за да се спаси од сторените криминали да го продаде нашето име.
Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ нема да побегнат од правдата.
Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на Референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на Рефендумот да се согласат со можното решение.
Поради сето ова, Манифестот за Единствена Македонија предвидува уште еден важен елемент, а тоа е воспоставување редовен дијалог помеѓу секоја власт и опозиција за прашања од национален интерес.
Бидејќи дијалогот треба да се одвива и решенијата да се изнаоѓаат секогаш во рамки на институциите на Република Македонија, од страна на претставници се разбира кои се избрани од граѓаните. Тоа е најефикасната заштита од надворешни влијанија или реализација на агенди кои не потекнуваат од заедничкиот интерес на македонските граѓани.
Манифестот за Единствена Македонија е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес.
Со одбивањето на Манифестот, СДСМ докажува дека тие не се за обединување туку дека тие се за поделби. Ним им е поважно да веруваат дека преку прифаќањето на Тиранската ќе се спасат од затвор.
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди!Граѓаните на Република Македонија не сакаат редефинирање по урнек препорачан од други држави, ниту пак сакаат менување на Устав и вметнување на Тир