Изминативе години Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има континуиран растеж. Напорно се работеше на афирмацијата на жената во политиката, културата, во сите полиња. Жената беше, е, и ќе биде столб на нашето општество. Унијата на жени е еден од поважните столбови на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, на денешната 16-та по ред Годишната конференција.-Унијата на жени остана на висината на задачата да биде на браникот на нашата таковина кога и да е потребно, а минатата година го докажавме тоа. Унијата на жени, измiнатата година допре до секој град, подадовме рака каде што требаше и го прифативме секој што сакаше да ни се придружи, рече Рангелова.
Енергијата, волјата и искуството, потенцираше Рангелова, секојдневно растат.
-Жените го препознаваат најбројното женско семејство, бидејќи ние прво функционираме како семејство, а потоа како политичка организација. Ние сме со народот и меѓу народот, ние одиме на избори и заеднички со народот ќе одлучиме кој ќе ја води нашата држава во иднина. Силни и обединети, на 24 април ќе ја покажеме силата која е насочена кон големите дела, кои ќе значат сигурност за нас и нашите семејства, додаде претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.-Унијата на жени остана на висината на задачата да биде на браникот на нашата таковина кога и да е потребно, а минатата година го докажавме тоа. Ун