Раперите против GTA V

Дали го знаете раперот Daz Dillinger? Веројатно повеќето не го знаеме, но доколку ја оствари својата намера, целиот свет ќе го запознае…Името, Rockstar искористил две негови песни во GTA V без да добие дозвола. Песните се “C-Walk” и “Nothin' but the Cavi Hit”. Иако Rockstar му понудиле 4,271 долар за користење на овие песни, тој го сметал тоа за навредувачки ниско и ги одбил. Но, и покрај тоа, Rockstar ги искористи двете песни во GTA V.
Логиката на раперот е или да биде исплатен во рок од 14 дена или ќе ја однесе компанијата на суд, каде што би можело да се случи и да бидат повлечени сите копии од GTA V од продажба, доколку судот тоа го нареди. Иако е мала веројатноста за тоа, сепак е очигледно дека Rockstar ќе треба да исплати поголема сума на пари за да се реши овој проблем.
На нас навистина не ни е јасно како компанијата (и зашто?) се решила да ги вклучи неговите песни иако не бил постигнат договор. Во играта има голем број на радио станици што сигурно не би го приметиле недостатокот на овие две песни на Dillinger…
Извор: GSM.mkИмето, Rockstar искористил две негови песни во GTA V без да добие дозвола. Песните се “C-Walk” и “Nothin' but the Cavi

Пронајдете не на следниве мрежи: