четврток, 12 ноември 2026
Најново

Расистички соседи ја присилуваат оваа мајка да се исели од нејзиниот дом!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една мајка на две деца стана жртва на расизам, откако во една прилика нејзината врата била покриена со фециси и бил поставен лист хартија на кој пишувало: „ова е само за црни браќа и сестри“.Семи Сантер (24), која е мајка на две деца, веќе со месеци се бори да излезе на крај со расистички настроените соседи кои никако не можат да со помират со фактот дека белци живеат во нивната населба во Виленхол, Ковентри.
Според информациите на Coventry Telegraph, во пораката стоело дека „Виленхол е место за црнци и дека таа треба да оде*е“.
Од агенцијата за недвижности која го изнајми овој стан на Сантер, беше потврдено дека и претходно се случувале слични инциденти.
Семи, која живее со синовите Харви Андерсон (2) и Оскар Рок (5), вели дека за првпат се нашла во ситуација да мора да им го објаснува поимот расизам на децата.
„Тоа е неприфатливо. Морав да им речам дека одговорните се Африканци. Нив ги интересираше зошто овие луѓе нѐ мразат толку“, рече таа.
Отворена е истрага и полицијата ги бара авторите на навредливите пораки, а на мајката на две деца ѝ беше понудено сместување на друга локација.
 Семи Сантер (24), која е мајка на две деца, веќе со месеци се бори да излезе на крај со расистички настроените соседи кои никако не можат да со пом

Поврзани вести