Членството на СДСМ, но и високите партиски функционери повторно се разочараа од одлуките на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Дел од медиумите пишуваат дека за малку бил избегнат инцидент во партиското седиште кога се дознало дека Заев на потпишувањето на коалицијата го поканил Драгиша Милетиќ, човекот кој за членството на СДСМ е симбол за предавство.Претседателот на ЛДП Горан Милевски вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека во просториите на СДСМ е потпишана широка опозициона коалиција.
Ваквата објава предизвика револт и разочарување кај членството, како и кај високи функционери во партијата кои се оградија од одлуката на Заев да коалицира со Драгиша Милетиќ. Ана Павловска Данева пишува дека за оваа одлука за коалцирање со Милетиќ ќе биле консултирани ниту извршниот, ниту пак централниот партиски одбор.
Со слична порака се јави и поранешната пратеничка на СДСМ и висок партиски функционер Весна Бендевска.
Остра реакција пристигна и од Горан Тодоровски Гзе, кој важи за еден од најистакнатите партиски кадри на СДСМ во скопски Центар.
Со реакција се и Ивор Мицковски кој го обвини Заев дека е предавник на партијата.
Се чини дека сѐ повеќе врие и се вжештува атмосферата во СДСМ. Одлуките на лидерот на партијата наидуваат на големо незадоволно и разочараност кај партиските функкционери, но и кај членството и симпатизерите. Сѐ поголемата разочараност во СДСМ и Зоран Заев само потврдува дека партискиот лидер се повеќе ја губи и онака малата доверба пред се кај граѓаните.Претседателот на ЛДП Горан Милевски вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека во просториите на СДСМ е потпишана широка опозициона к
Пронајдете не на следниве мрежи: