Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен оцени дека Русија би направила „историска грешка“ доколку продожи со дестабилизација на ситуацијата во Украина.„Москва би направила историска грешка која би резултирала со тешки последици во односите помеѓу Русија и Западот“, рече Расмусен во интервјуто со медиумите.
Тој додаде дека дури тогаш би се вовеле построги санкции за руската економија, но истакна дека НАТО „не ја разгледува воената опција“.
Западните земји денеска го поздравија ослободувањето на набљудувачите на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС). Тие се ослободени со посредството на рускиот пратеник Владимир Лукин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска предупреди дека Русија веќе не е во можност да ги намали тензиите на истокот од Украина.
„Русија го загуби своето влијание врз вооружените луѓе на југо-истокот на Украина, бидејќи сега е невозможно тие луѓе да се убедат да го остават оружјето и да го прекинат отпорот затоа што нивните животи директно се загрозени“, изјави Песков.„Москва би направила историска грешка која би резултирала со тешки последици во односите помеѓу Русија и Западот“, рече Расмусен во инт