Не постои љубовна врска во која се е во совршен ред, односно се функционира одлично и никогаш не постојат расправии. Токму спротивно на ова, нормално и здраво за секоја врска е да постојат конфликти помеѓу партнерите.
Слично како старата поговорка „кој се кара, тој се сака“ , па многу е нормално во врската одвреме навреме да постојат и раправии.
Најчесто тоа се ситници на кои многу брзо забораваме.
Слобода
Често се случува паровите да имаат различно работно време, нескладен биоритам и различни потреби за дружење и спортски активности. Затоа, не е воопшто чудно ако се случи вашиот партнер да задоцни на претходно договорена вечера или некој да се чувствува задушен во врската. Решете го проблемот преку разговор и дајте си простор.
Здрав живот
Ова е еден од најчестите проблеми на паровите. Без оглед дали се работи за откажување од цигари или нездравата исхрана, нормално е партнерите да се грижат за взаемното здравје. Експертите сметаат дека понекогаш, единствено решение е ултиматум од типот “или јас или лошата навика
Пари
Парите се проблем на поголемиот дел од луѓето, па токму поради тоа тие се и честа тема за конфликт помеѓу паровите. Токму затоа е тешко да се согласите околу финансиите кога излегувате, за прехранбените продукти, за купување на поскап или поевтин козметички препарат или средство за чистење на домот. Како и да е, важно е во заедничката каса да одвоите пари за сметките и неопходните продукти, а потоа направете го домашниот буџет и трудете се да го почитувате.
Искажување на чувства
Секој има свој начин на искажување на емоции. На некој му се важни убавите зборови, а друг смета дека доказ за љубов е конкретно дело и угодување на најмалите ситници, кои на прв поглед изгледаат неважни и досадни. Откријте каде се крие љубовта на вашиот партнер.
Удобност
Најчестата караница се наоѓа во тоалетот т.е кренатата WC школка која им ја “крева„ косата на девојките. Но, мажите пак полудуваат поради кремите кои ги има низ целиот дом.Секој има свои навики, а да се прилагодиме не е воопшто лесно. Поради ова решението за овој проблем е единствено во компромисот.
Не постои љубовна врска во која се е во совршен ред, од