Нападите врз расна, етничка или религиозна основа бележат висок пораст во Англија и во Велс по референдумот за ЕУ и изгласаниот Брегзит, покажуваат податоците на британскиот Хоум Офис.Само во јули, во првиот месец по изгласаното излегување на Британија од ЕУ, се регистрирани 41 отсто повеќе вакви инциденти, во споредба со истиот месец во 2015 година. Во следните месеци, бројот на овие напади е нешто помал, но и натаму е значително повисок во споредба со претходната година.
Најголем број зголемени напади има врз расна и национална основа, дури 79 отсто. Зголемување за 12 отсто се регистрирани кај напади за сексуална определеност, седум отсто на религиозна основа, а шест отсто врз хендикипирани лица.
Според анализата на Министерството за внатрешни работи, ваквиот висок раст на овој вид напади, се поврзува со референдумот и со победата на опцијата за напуштање на Унијата.
Еден Полјак беше убиен, а други двајца тешко повредени во напад на разулавена толпа тинејџери, за што полицијата заклучи дека се врз расно-национална основа. Напади има и вр Чеси во Британија, како и врз припадници на другите источноевропски народи.
При еден таков инцидент, врз брачен пар латиномаериканци, странците биле предупредени дека сега кога „Британија излегува од ЕУ, странците треба да знаат дека ќе бидат запрени правата на такви како што се тие„.
Експертите велат дека реалната состоја „на теренот“ е можеби потешка, затоа што Хоум Офис располага само со податоци што ги има полицијата и за кои имало поплаки и пријави од нападнатите.
Министерот за внатрешни работи Амбер Рад порача дека владата ќе направи се што треба за да му застане на патот на ваквото насилство.
Опозицијата, расното и националното насилство врз странци и мигранти, го објаснува со „мрачната кампања„ што ја водеа активистите за Брегзит и нивните таблоиди во кои имаше многу омраза и ксенофобични изјави.
Опозициониерите меѓутоа, ја обвинуваат владата на Тереза Меј дека таквата атмосфера продолжува и натаму да ја одржува, подготвувајќи се за преговорите за излегувањето од ЕУ.Само во јули, во првиот месец по изгласаното излегување на Британија од ЕУ, се регистрирани 41 отсто повеќе вакви инциденти, во споредба со истиот