Расте бројот на жртви во нападот во Њујорк

Најмалку едно лице загина, а 20 други се повредени денеска кога возило, што се движело со голема брзина, удрило во група пешаци на плоштадот „Тајмс Сквер“ во центарот на Њујорк.Според очевидци на настанот, возилото марка „Хонда Акорд“ намерно удрило во пешаците. Тие изјавија дека возилото преминало во спртивната лента од коловозот, по што се качило на тротораот и „почнало да ги гази пешаците“.
Автомобилот потоа удрил во столб на тротоарот, по што се запалил. Полицајци веднаш го извлекле возачот од автомобилот и го привеле. Неговиот идентитет засега не е соопштен.
Си-Ен-Ен информира дека при претресот на автомобилот, во него не е пронајдена никаква експлозивна направа, па полицијата претпоставува дека не станува за терористички напад.
Претставник на полицијата за Си-Би-Ес изјави дека возачот најверојатно „загубил контрола“ врз автомобилот и дека станува збор за несреќен случај, а не за инциднет поврзан со тероризам.
Веднаш по инцидентот, американската полиција го блокираше реонот околу „Тајмс Сквер“.
Како што јави „Њујорк Тајмс“, претставник на противпожарната служба соопшти дека засега нема информации за состојбата на повредените лица.
Белата куќа информира дека американскиот претседател добива редовни информации за настанот и истрагата.Според очевидци на настанот, возилото марка „Хонда Акорд“ намерно удрило во пешаците. Тие изјавија дека возилото преминало во спртивнат

Пронајдете не на следниве мрежи: