Расте отпорот против „Отворено општество“ на Сорос

Мултимилијардерот Џорџ Сорос започна да се соочува со огормен граѓански и политички отпор низ голем број европски држави, каде се обидува да ја погази волјата на мнозинството граѓани и преку свои инсталации ги напаѓа демократски избраните влади. Една од многуте земји која слично како и Македонија се соочува со манипулациите на Сорос и неговите платеници е Словачка.
 Невладини организации финансирани од Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во Словачка, се почесто водат кампањи по цел оцрнување на словачките власти за нивна вмешаност во наводни корупциски скандали, отворање на лажни афери со исти методи како во нашата земја и промена на актуелната власт избрана на демократски избори.
Словачкиот огранок на „Транспаренси Интернешнл“, кој инаку е финансиран од грантови на соросовата фондација, неодамна објави лажна афера за наводна вмешаност на високи претставници од Владата на Словачка во корупциски скандали. Обвинувањата се однесуваа на тоа дека правилата за јавните набавки не биле почитувани за културните настани по повод словачкото претседавање со Европската унија.
 
По објавувањето на аферата од страна на „Транспаренси Интернешнл“, дел од опозициските новинари во Словачка под закрила на соросовата фондација директно го нападнаа словачкиот премиер Роберт Фицо, кој истакна дека со обвинувањата се сака да се наклевети словачкото претседателство во Европската унија.
-Некои од вас се валкани антисловачки проститутки, и стојам зад своите зборови. Вие не информирате, вие сте во војна со владата, им одговори Фицо на опозициските новинари.
Обвинувањата на соросовиот „Транспаренси Интернешнл“ беа демантирани и од шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак кој изјави “сето тоа беше во согласност со законот, а буџетот наменет за претседавањето дури нема да биде целосно потрошен“
„Отвореното општество“ на Сорос не е добредојдено во Словачка
Словачкиот премиер Роберт Фицо отворено му се спротивстави на Сорос изјавувајќи дека неговото “граѓанско општество не е добредојдено во Словачка“.
Фицо во едно интервју неодамна изјави дека на последнитеизбори во март минатата година морал да се соочи не само со политичките домашни противници, туку и инсталации на граѓански организации подржани со странски пари, како и политички мотивираните опозициски медиуми во Словачка.
За исламот нема место во Словачка
-За исламот нема место во Словачка. Ако некој каже дека Словачка сака да биде мултикултурна, тогаш тој оди против основите на оваа држава. Ја сакаме нашата традиција, не сакаме да ја менуваме. Не сакаме да го менуваме карактерот на Словачка заснова на наследството на Кирил и Методиј, кое тука е стотици години. Не сакам десетици илјади муслимани да бидат тука, постојано обидувајќи се да преовладаат нивните интереси, вели Фицо.
 Невладини организации финансирани од Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во Словачка, се почесто водат кампањи по цел

Пронајдете не на следниве мрежи: