Растенијата влијаат на квалитетот на воздухот во животниот простор. Го чистат воздухот од токсини, влага и создаваат совршена животна средина.Алое – ова растение е одлично за зголемување на нивото на кислород. Исто така, апсорбира јаглерод диоксид, јаглерод моноксид и формалдехид. Едно алое има ефект како девет биолошки пречистувачи на воздух.
Фикус – ова растение е едноставно за одржување бидејќи не бара премногу светлина. Ефикасно го чисти воздухот од формалдехиди. Но, треба да внимавате бидејќи листовите се отровни и не е препорачливо да се одгледува во домови во кои има деца и домашни миленици.
Бршлен – растение што секој треба да го има. Отстранува 60% токсини од воздухот и 58% честици на фекалии во рок од шест часа.
Зелен лилјан (пајак-растение) – ова растение има способност да врши синтеза во услови на минимална осветленост. Одлично апсорбира токсини од воздухот: формалдехид, стирен, јаглерод моноксид и бензин. Едно растение ефикасно чисти воздух во 200 квадратни метри простор.
Естрагон (змиска трева) – ова растение скоро е неуништиво и одлично е за домот. Многу е отпорно, му треба малку светлина за фотосинтеза. Освен што ги отстранува токсините, добро е и за спалната соба бидејќи во текот на ноќта произведува кислород.
Лилјани – одлично ги отстрануваат хемиските отрови од воздухот. Го филтрираат формалдехидот, како и трихлоретиленот.
НАСА тврди дека секое домаќинство треба да има помеѓу 15-18 од наведените растенија на површина од 500 квадратни метри. При нивното распоредување не треба да се прескокне спалната соба.Алое – ова растение е одлично за зголемување на нивото на кислород. Исто така, апсорбира јаглерод диоксид, јаглерод моноксид