Раткочери: Повлекувањето на екстерното е популистичка мерка

Основачот на најтиражниот деневен весник во Македонија на албански јазик, „Коха“, Арбен Раткочери, во вчерашната емисија „Клик плус“ на ТВ21 вели дека укинувањето на екстерното тестирање е популстичка мерка на новата Влада. Според Раткочери екстерното тестирање е полезно и покажува до каде е образовниот развој на детето.Загрижувачка е и работата со екстерното тестирање, можеби ќе беше подобро да се отвори една едногодишна дебата, една посериозна дебата за тоа дали вреди дали треба да се усоврши или зошто се покажал неуспешен, затоа што екстерното тестирање се повлече од причина на притисоците воглавно од учениците и родителите, реално екстерното тестирање покажува до каде ти е детето, јас лично со голема одговорност велам дека многу сум го ценел екстерното тестирање затоа што со тоа сум креирал визија за тоа до каде е моето дете, вели Раткочери.
Тој објаснува дека можеби и имало проблеми со екстерното тестирање од технички апсект или со препишување, но дека по неколку години како една многу сериозна реформа ќе го дадеше вистинскиот ефект.
– Арно ама доколку се повлече екстерното тогаш што се нуди, затоа што на идната влада и е потребно да има подобра алтернатива, и затоа мене ме загрижуваат овие популистички мерки кои во регионот се во мода, почнувајки од Вучиќ, Еди Рама продолжувајќи во Приштина и на други места. Значи се се прави за ПР,што значи ништо не се работи во суштина се е тоа површински за ПР, и проблемите се собираат, заклучува Раткочери.Загрижувачка е и работата со екстерното тестирање, можеби ќе беше подобро да се отвори една едногодишна дебата, една посериозна дебата за тоа дали

Пронајдете не на следниве мрежи: