Шпанскиот тренер Раул Гонзалес кој ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство во Хрватска, в недела за првпат ќе има дуел против неговата земја.- Ќе ми биде чудно в недела против мојата Шпанија. Од друга страна сум среќен што одиме во втората фаза со три пренесени бода. За нас тоа ќе биде еден вид финале. Сега ќе се одмориме, па подготвени да настапиме на тој натпревар. Очекувам интересен меч. И Шпанците се среќни што ќе играат со нас. Ми се јавија многу шпански новинари кои се интересираат за нашата селекција – истакна Гонзалес.
Селекторот очекува Македонија да игра на високо ниво и во Вараждин.
– Тешко е да го задржиме ритамот, ама кога имаш мотив, испадна подобро отколку што мислевме. Паузата од три-четири дена добро ќе ни дојде. Не очекувам голем психолошки притисок без оглед што сме први во новата група. Ќе треба да си ја играме нашата игра – рече Гонзалес.
Шпанскиот стратег додаде дека Македонија може да стигне до полуфинале, иако, како што рече, ќе биде многу тешко против силните противници. – Ќе ми биде чудно в недела против мојата Шпанија. Од друга страна сум среќен што одиме во втората фаза со три пренесени бода. За нас тоа ќе биде е