Вардар на Ф4 турнирот во Келн веќе ги доби првите признанија, а меѓу нив е и она на тренерот Раул Гонзалез. Тој е избран за најдобар во Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017.
Шпанецот во четвртиот обид како тренер на Вардар конечно стигна до најдобрите четири екипи во Европа. Колку што неговото диригирање беше важно за постигнување на успехот, уште повеќе се заслужни ракометарите.
– Јас имам најдобри играчи, па можам да кажам дека јас сум најдобар тренер оваа сезона затоа што ги имам најдобрите играчи, вели Раул Гонзалес.
Во полуфиналето утре Вардар ќе игра против повеќекратниот европски првак Барселона. Шпанците се фаворити, имаат и подобар меѓусебен биланс на дуелите со Вардар. Сепак, „црвено-црните” доаѓаат во Келн со единствена цел, да се борат и да покажат дека заслужуваат и повеќе од овој пласман во ТОП 4.
– Барселона е одлична екипа, имаат одлични играчи и одличен тренер. Играле многу пати Ф4 и освојувале титули. Ние имавме доволно време да се подготвиме. Треба да бидеме спремни на се, имаат добра одбрана и можат да комбинираат. Ќе видиме како ќе се одвива натпреварот. првите 15 минути треба да бидеме внимателни, можеби ќе не изненадат со нешто ново. Атмосферата е одлична, работевме цела сезона напорно и сега треба да уживаме. Треба да се фокусираме на дуелт со Барса, за нас најважен, сакаме да играме финале, знаеме дека ќе биде тешко. Вардар и Барселона имаат одлични голмани, но не треба да се очекува дека тие ќе бранат се, треба да се има добра одбрана пред. Борко и Кире се одлични играчи и ќе биде многу тешко да се игра против нив, но ние сакаме Вардар да победи, истакнува Раул.
Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра утре во „Ланксес Арена” со почеток во 18 часот.Шпанецот во четвртиот обид како тренер на Вардар конечно стигна до најдобрите четири екипи во Европа. Колку што неговото диригирање беше важно за п