Жените од Словачка, кои балканците ги гледале само како виза за работа во Западна Европа, прво ги средувале документите за венчавка во странство, а потоа оделе во Србија да се мажат, по склучување на бракот добивале 3500 евра.Со лажниот сопруг заминувале во Германија или Данска каде барале дозвола за престој. Словачките државјанки дозвола за престој добивале лесно бидејќи земјата е членка на Европската унија, а тоа не било проблем и за младоженците од Западен Балкан бидејќи престојот им бил одобруван по основ на семејство, пренесува ТВ Нова.
Полицијата засега има уапсено петмина членови на групата, двајца се организатори и тие се наоѓаат во притвор додека трае истрагата, а останатите се бранат од слобода. Ќе се гонат за кривично дело шверц со мигранти за кое според словачкиот казнен законик им се заканува затворска казна од две до осум години.
Истрагата за сега има цврсти докази за петмина, а се испитуваат уште најмалку 20-на лажни бракови. Младоженците биле претежно работоспособни од 21 до 43 години. Но за полицијата, измамата не била непозната, од почетокот на годината уапсени биле 23 лица кои организирале лажни бракови со имигранти од Србија, Македонија, Индија, Нигерија со цел на легален начин да добијат престој и работа во Германија и Данска.
Но, лажните бракови се добро разработен бизнис и во Хрватска, на самци кои треба само да потпишат венчален лист им се плаќа и по 10.000 евра, пишуваат тамошните медиуми. Србинки, Босанки и Македонки, според пишувањата, се подготвени да платат младоженец кој не е важно како изгледа, туку да има вистински пасош што ќе им го отвори патот кон Западна Европа.Со лажниот сопруг заминувале во Германија или Данска каде барале дозвола за престој. Словачките државјанки дозвола за престој добивале лесно бидејќ