Разбиена огромна мрежа за трговија со дрога: Сокрила 97 ќесички со кокаин во вагината!

Притворените со дрога снабдувале одредени министри, пејачи старлети, но и познати белградски адвокати кои ги застапуваат ВИП особите.Белград: Меѓу клиентите се и младиот социјалист Иван Радовиќ Коки (28) и Никша Кокановиќ (28), кои заедно со уште седум лица се уапсени заради сомнеж дека шверцувале кокаин од Србија во Обединетите Арапски Емирати, а меѓу уапсените има министри, политичари, луѓе од естрадата, но и познати белградски адвокати.
Српски Курир открива уште детали повикувајќи се на извор близок до уапсените.
Познатите во паника
Откако се уапсени, веднаш настанала паника, пред се меѓу социјалистите, бидејќи тие двајца се посебно блиски со некои функционери од таа партија. Не е тајна дека доаѓале во штабот на СПС, дека се појавувале на нивните митинзи, се сликале заедно. Се претставувале како бизнис соработници во добри врски со Русија и Емиратите. До клиентите доаѓале само преку препораки.
-Се тргуваше во затворен круг, а дрогата беше со одличен квалитет и се одеше преку препораки. По апсењето сите беа во паника бидејќи се плашеа да не им се открие идентитетот и да не им се наруши репутацијата. Инаку, Иван Радовиќ секогаш на забавите што ги организираа неговите клиенти во белградските клубови доаѓаше со многу згодни девојки, познати старлети, но и пејачки, додава изворот.
Акција на аеродром
Два дена претходно, на аеродромот „Никола Тесла“ се уапсени Иван Радовиќ и Јасмина Петровиќ (41) додека се обидувале да полетаат за Абу Даби. При контролата, во вагината и пронашле 97 пакетчиња со 100 грама кокаин спакувани во гумени ракавици. А за време на претресот на неколку станови во Белград се најдени 140 пакетчиња кокаин, уапсени се шест лица, а меѓу нив се Никша Кокановиќ и Томислав Живковиќ. Инаку, клопчето почнало да се одмотува и пред три месеци, кога во Емиратите е приведен еден член на оваа криминална група.
Бакшиши да паднеш во несвест
Иван Радовиќ често е гледан по кафулињата во центарот на Белград, во близина на фирмата „Премиум консалтинг логистикс“, на која е сопственик. Секој ден јадел таму, на келнерите им се претставувал како бизнисмен, и редовно оставал огромни бакшиши.
Интересна екипа
Меѓу уапсените е и 24-годишната Нина Прља, чиј профил на Инстаграм јасно сведочи за бурниот живот што го води. Оваа белградска „клаберка“ често патува во Дубаи, оди на луксузни журки, престојува во скапи хотели..
Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ порача дека нема намера никого да штити ако се утврди дека е прекршен законот.

Уапсени: Иван Радовиќ / Никша Кокановиќ / Нина Прља / Томислав ЖивковиќБелград: Меѓу клиентите се и младиот социјалист Иван Радовиќ Коки (28) и Никша Кокановиќ (28), кои заедно со уште седум лица се уапсени заради сомн

Пронајдете не на следниве мрежи: