Во заеднича акција на италијанската, словенечката и унгарската полиција разбиена е мрежа за шверц на илегални мигранти преку Балканот до Италија.Како што соопшти италијанската полиција, при акцијата се уапсени четири лица – две во северна Италија, едно во Будимпешта и едно во словенечкиот град Марибор, кои се обвинети за „злосторничко здружување и за поттикнување на илегална миграција“.
Уапсените, според полицијата, биле дел од „транснационална криминална група“, која ја сочинувале лица по потекло од Пакистан, кои живеле во италијанскиот град Милано.
Групата организирала илегален превоз на мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, преку Блаканот и Унгарија, главно до Италија, но и до други земји во северна Европа.
Во полициското соопштение се наведува дека групата од оваа криминална активност заработила околу половина милион евра.Како што соопшти италијанската полиција, при акцијата се уапсени четири лица – две во северна Италија, едно во Будимпешта и едно во словенечк